За нас

ЕНЕРГИЈА ОД ПРИРОДАТА ЗА гРЕЕЊЕ, ЛАДЕЊЕ, ВЕНТИЛАЦИЈА И ТОПЛА ВОДА ВО ВАШИОТ ДОМ

Креираме енергетска ефикасност, за одржлива иднина.

Нашата цел:


Нашата цел е да ​​обезбедиме на пазарот иновативни и одржливи енергетско-ефикасни системи и решенија со врвен квалитет, кои ќе им овозможат на домаќинствата и компаниите значителна заштеда на енергија, истовремено придонесувајќи за заштита на природата и борба против климатските промени. Со тоа придонесуваме за што поефикасна употреба на енергетските ресурси и побрза транзиција кон без-фосилна економија.

Клима Оптима


Сопственикот и Генерален директор на Клима Оптима, дипл. маш. инг. Глигор Ружин има богато искуство од над 25 години работа со врвни енергетско-ефикасни системи, изведувани во јавни и комерцијални објекти како што се Македонската Филхармонија, Македонскиот Народен Театар, Телеком, Сивус, Еуростандард банка, Болницата Плодност, Ремедика, како и стотици резиденцијални објекти ширум земјата.

Долги години работи со врвни светски производители на HVAC системи, но инспирацијата за поинтензивен фокус врз енергетската ефикасност ја стекнува во текот на 4-годишниот период на живеење и работа во Шведска. Земјата му остава особен впечаток по високо-развиената еколошка свест и фокусот врз заштитата на животната средина, преку развој на т.н. “Зелена” или еколошка технологија.

Имено, Шведска е лидер во енергетската транзиција на глобално ниво. Според глобалниот Индекс за енергетска транзиција (global Energy Transition Index) на Светскиот економски форум (World Economic Forum), и во 2024 година Шведска се наоѓа на врвот на ранг-листата, што го одразува нејзиното континуирано лидерство на полето на декарбонизацијата. 

[Индексот за енергетска транзиција го следи напредокот и подготвеноста за одржлива, безбедна и правична енергетска иднина на 120 држави ширум светот врз основа на три клучни  индикатори кои го сочинуваат т.н. Енергетски триаголник, и тоа: економски раст и развој, енергетска безбедност и пристап, и еколошка одржливост.]

Иновации развој за заштита на животната средина

Можеби се прашувате како е можно мала земја како Шведска да стане една од водечките нации во светот на полето на иновациите, развојот и извозот на Зелени технологии. Одговорот е во високо-развиената свесност за потребата од заштита на животната средина и визионерството во масовно инвестирање во енергетско-ефикасни системи. 

Имено, во 1967 година Шведска станува првата држава во светот која основа Национална агенција за заштита на животната средина, додека во 1969 година е првата држава која донесува Закон за заштита на животната средина. Со овој Закон, компаниите стануваат законски одговорни за своите емисии на СО2 и еколошкиот отпечаток. Паралелно на законската регулатива, земјата воведува и стимулации за Зелените технологии и започнува со програми за индустриско истражување и развој на нови начини за справување со еколошките предизвици. Земјата опстојува на оваа визија и во иницијалите години кога технологијата е првично непрофитабилна, со што го промовира технолошкиот напредок и интегрираниот и холистички пристап кон одржливиот развој.

Фокусот врз развојот на зелените технологии и инвестициите во истражување и развој и овозможуваат на Шведска се помала зависност од фосилни горива. Па така, додека во 1970 година фосилните горива учествуваат со речиси 83% во вкупната потрошувачка на енергија,  во 2016 година нивното учество паѓа на фантастични 0%, ниво што се одржува до денешен ден.
Ова и овозможува на земјата да биде една од првите без-фосилни нации во светот, првата земја во Европа што ги исполнува целите на ЕУ за обновливи извори на енергија за 2020 година, и тоа осум години пред предвиденото.

Импресивно, ќе се сложите.

Бидете и Вие дел од оваа успешна приказна.

Инвестирајте во високо-ефикасно и одржливо енергетско решение за Вашиот дом или компанија, и заштедете од 75-80% од трошоците за електрична енергија.
Со грижа за сопствениот буџет, придонесувате за заштита на животната средина и климата.

Клима Оптима ДООЕЛ Скопје е официјален застапник на Systemair, NIBE и Dantherm за Македонија. Дистрибутер е на Carrier, Sabiana и Kaimann.

Нашите услуги

Максимална удобност и енергетска ефикасност

Топлиски пумпи

Топлински пумпи со највисоки светски стандарди и квалитет произведени од NIBE.

Клими

Ладење и греење со помош на нашите All-season
клими произведени од SystemAir.

Прочистувачи

Прочистувачи на воздух со Дански квалитет произведени од Dantherm.

Одвлажнувачи

Одвлажнувачи на воздух со Дански квалитет произведени од Dantherm.

Изолација

Изолација со највисоко ниво на квалитет и издрживост произведени од Kaimann.

Фенкулери

Фенкулери за секаква намена произведени од Италијанската компанија Sabiana.