myUplink

Комплетирајте го вашиот паметен дом со myUplink

Во истиот момент со излегувањето на новите паметни S-серии, ново развиената апликација myUplink е објавена, која е клучот за вашиот паметен дом. Едноставноста и јасноста беа двете главни точки при развивањето на myUplink. Компатабилна со сите продукти од S-сериите, сите потреби за функционалноста на продуктот може лесно да се пронајдат и наместат на новиот дисплеј.

myUplink

Со myUplink, добивате брз преглед на статусот од вашата топлинска пумпа и степенот на топлина во вашиот дом. Ова ви овозможува лесно да го следите и контролирате греењето и производството на топла вода. Ако вашиот систем е засегнат, ќе бидете известени на апликацијата и на мејл.

  • Безразлика каде сте ви овозможува целосна контрола врз вашата топлинска пумпа.
  • Јасен и лесен за употреба, преглед врз топлењето и степенот на топлата вода за максимална удобност.
  • Компензација за временска прогноза.

Преглед и Контрола

Со топлинските пумпи од S-сериите и myUplink апликацијата можете лесно да ја контролирате топлината, топлата вода и системот за вентилација во вашиот дом. Вие добивате целосен преглед за статусот од топлинската пумпа и греењето во вашиот дом.

Временска Прогноза

Вашата топлинска пумпа може да се адаптира според временската прогноза, што е прилично добро во случаи на драстична промена на температурата. Вашата интелигентна топлинска пумпа и myUplink знаат какви температури следат и според тоа ја менаџираат температурата за поефикасно и ефективно топлење.

Историја од Податоци и Контрола со Глас

Добијте пристап до историски податоци и бројни интелигентни услуги, како што се гласовна контрола и IFTTT*, што ви овозможува да поврзете неколку паметни производи еден со друг.Ако сакате да ја контролирате топлинската пумпа од далечина, вашиот инсталатер може да ви помогне да започнете со апликацијата myUplink.


Пробајте го myUplink во “demo mode” и истражете го можностите и опциите кои ги нуди.

Username: demomyuplink@nibe.se
Password: Demo1234


myUplink PRO

Апликацијата myUplink PRO има бенефит од нашата широка мрежа на професионални корисници, нудејќи низа функции кои помагаат со пуштање, следење и дијагностицирање на топлинските пумпи на лесен начин. Пристапот до сите менија, вклучувајќи ги и поставките за инсталатерот, ја намалува потребата инсталатерите да посетуваат локации и наместо тоа нуди паметни решенија.

  • Функција за директно поврзување додека сте на лице место за започнување со работа и прилагодување на поставките за услугата преку паметниот уред.
  • Целосен пристап за инсталација на далечина.
  • Следење на повеќе системи истовремено.

Сакате да дознаете повеќе?
Контактирај нѐ тука.